Често поставувани прашања

П. Што е eMall?
О. eMall е онлајн трговски центар. Како таков eMall пружа комплетен систем за онлајн трговија кој во целост ги задоволува потребите на трговците и купувачите.

П. Кој може да продава на eMall?
О. eMall е отворен за сите правни и физички лица од Македонија.

П. Се наплаќа ли за отварање брендирана онлајн продавница?
О. Не. Отварањето онлајн продавници на сервисот е бесплатно.

П. Можат ли физички лица да поседуваат брендирана онлајн продавница?
О. Не. Огласените производи од страна на физички лица ќе бидат излистани во делот за половни производи и најнови производи. Истите се вклучени и во пребарувањето на сервисот.

П. Колкава е провизијата по продаден производ?
О. Вкупната провизија по трансакција е 5%. Од кои 2,6% за онлајн трансакција. Останатите 2,4% за банкарските налози при исплата и одржување на сервисот.

П. Како се врши исплатата од страна на eMall за продадени производи?
О. Исплатата се врши еднаш месечно. Квалификувани продавачи за исплата се оние кои во последниот календарски месец имале профит од 500 денари или повеќе. Средствата продавачите ќе ги добијат од 1ви до 15ти тековниот месец, за профитот од претходниот месец, на сметката која ја оставиле при регистрација на сервисот.

П. Кој ги сноси трошоците за достава?
О. Доколку на огласот на производот стои дека истиот е со бесплатна достава трошоците ги покрива продавачот. Во спротивност доставата ја плаќа купувачот, онлајн, при купување на истиот.

П. Кој ги сноси трошоците за достава доколку реалната тежина на производот е поголема од реалната?
О. Продавачот. Доколку при превземање на производот од продавачот, од страна на нашиот карго превозник, тежината на истиот е поголема од наведената, дополнителните трошоци ги подмирува продавачот на кого сумата му се одзема при исплата. Купувачот дополнително не плаќа ништо.

П. Можам ли да испраќам пратки со друга фирма – карго превозник?
О. Не. Со цел заштита и на продавачот и на купувачот Vortechs Media како сопственик на eMall.mk има потпишано договор со ГЛС Глобко – Скопје за користење на нивните услуги. eMall во секој момент може да ја провери состојбата на пратката со што се гарантира сигурност за трите страни, продавач / eMall / купувач.

П. Кои продукти се квалификуваат за рекламација и кој ги сноси трошоците за враќање?
О. Доколку производот не е ист како оној на сликата или описот не соодвестува таквиот производ се квалификува за рекламација. Сумата за враќање на производот назад ја плаќа купувачот.

П. За колку време може купувачот да го очекува купениот продукт?
О. На секој продукт поставен за продажба е наведен максималниот период за достава на пратката. Најчесто овој период се движи од 24 до 48 часа од моментот на испорака од страна на продавачот.

П. Дали е сигурно да се купува на eMall?
О. Да, со оглед на принципите по кои работи eMall. Сервисот е креиран максимално да ги задоволи купувачите, но и продавачите. Доколку се работи за измама или за грешки во огласот, производот ќе биде вратен назад. Средствата кои ги платил купувачот ќе бидат замрзнати во рок од 3 дена. Доколку во тие три дена не се разреши проблемот купувачот ќе биде рефундиран во целост, т.е. вкупната сума која ја платил за производот. На продавачот ќе му биде забележан еден прекршок. Со три прекршоци ќе биде отстранет од сервисот.

Бесплатна достава
Сигурен шопинг