Упатство за користење

Како да купувам на eMall?

Откако ќе се регистрирате и најавите на сервисот преминете кон пребарување на производи. Истото можете да го направите преку формата за пребарување или преку пристапување кон соодветната категорија на производи.

Откако ќе го најдете саканиот продукт за купување кликнете на „Додади во кошничка“ или „Купи веднаш“.

Доколку кликнете на „Додади во кошничка“ вашиот производ ќе биде додаден во кошничка и можете да продолжите со купување. Кога ќе завршите со купувањето влезете во кошничка и кликнете на „Креирај нарачка“. Во тој момент нарачката ќе биде креирана и ќе бидете пренасочени во делот за „Креирани нарачки“. Оттука со кликање на „Плати“ ќе бидете пренасочени кон банкарсиот дел за плаќање со платежна картичка.

По успешното плаќање очекувајте нашите доставувачи да ви го достават купениот продукт на адресата внесена при регистрација во период кој што е наведен во описот на произвотод што сте го купиле.

Како да продавам на eMall?

Откако ќе се регистрирате и најавите пристапете кон делот за додавање производи. Истиот може да го најдете во „Контролен панел“ или со кликање на Вашето корисничко име под формата за пребарување.

Откако ќе ви се отвори делот за додавање производ внесете ги потребните детали (како категорија, име, количина, тежина и слично) за истиот преку едноставната форма за додавање производ и кликнете на „Додај“. Оттука ќе бидете префрлени во делот за додавање слики за производот. По завршување на овој чекор производот е успешно додаден во базата на производи и продажбата може да започне.

Доколку некој купи ваш производ потребно е соодветно да го спакувате. На пакетот потребно е да го напишете единствениот КОД НА НАРАЧКА кој дополнително е потребно да се наведе во адресницата која ја пополнувате при преземање на производот од страна на нашите доставувачи. Овој код ги содржи сите информации потребни за успешна достава на производот до купувачот. Како име и презиме, адреса и останати податоци за пратката.

Бесплатна достава
Сигурен шопинг